понеделник, 21 октомври 2024

Кадиров: Украински и западни разузнавачи планираат атентат на мене

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, Кадиров изрази уверување дека сите оние кои планираат атентат на него во секој случај ќе изгубат. „Ако ме убијат илјада пати, сепак ќе победиме. И ако умреме, ќе победиме! Ако останеме живи, ќе победиме 100 отсто. Нема да се оствари тоа што тие (Украинците) го сакаат“, додаде Кадиров.

Ги коментираше и изјавите на шефот на украинската разузнавачка служба Кирил Буданов кој неодамна кажа дека украинските специјални служби „убивале и ќе продолжат да убиваат Руси секаде низ светот до целосната победа“. Според Кадиров, Буданов нема иднина „бидејќи рускиот народ има свои бранители“.

Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари минатата година, неколку познати Руси беа убиени во напади. Во август минатата година новинарката Дарја Дугина беше убиена во експлозија на автомобил-бомба, а минатиот месец воениот блогер Владлен Татарски беше убиен во експлозија во Санкт Петербург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ