„Војници на баталјонот Ахмат, стационирани во Бријанската област, каде ја штитат државната граница на Русија со Украина, заедно со Центарот за специјални намени на ФСБ, учествуваа во апсењата на четворицата терористи кои се обидуваа да ја преминат руско-украинската граница“, напиша Кадиров на Телеграм.
„Чеченските борци стигнаа околу три часот наутро на координатите каде се трагаше по терористите и веднаш ја прочешлаа областа, заедно со ФСБ и борците на Ленинградскиот воен округ на руските оружени сили“, додаде тој.
Според него, за време на операцијата никој од припадниците на безбедносните сили не бил повреден. Командантот на Западниот воен округ, генералот-полковник Евгениј Никифоров, им се заблагодари на борците на Ахмат. Службениците на Центарот за специјални намени на ФСБ исто така му изразија благодарност на шефот на Чеченската Република.