„Ако некој ја наруши јавната безбедност, офицер или турист, а дури и ако не го најдеме извршителот, нема да продолжиме да го бараме, но сигурно ќе ги најдеме неговите роднини“, кажал Кадиров на состанокот кој наводно се одржал на 3 декември.
Kadyrov suggested killing relatives of criminals for the crimes they committed:
"If someone infringes on public safety, an officer or a tourist, and if we don't even find the offender, we won't keep looking for them, but we will definitely find their relatives. As is customary… pic.twitter.com/pwEzvzAIBC
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) January 2, 2024
Кадиров владее со руската кавкаска република Чеченија од 2007 година. Невладини организации го обвинуваат за бројни кршења на човековите права, вклучувајќи грабнувања, мачења и вонсудски убиства.
Состанокот наводно бил фокусиран на тоа како властите да ја осигураат јавната безбедност за време на празниците.
„Како што е обичај од памтивек, ако некој од роднините згрешил и злосторникот не може да се најде, нивниот брат, нивниот татко ќе биде убиен“, кажал чеченскиот лидер, според неколку локални медиуми.
„Така нашата крвна одмазда многу брзо ќе се наплати. Ако лицето убие некого и живее неказнето, а роднините почнат да се откажуваат од него, никакво откажување од семејството не е ефикасно додека не убиеме некого од нивното семејство и не го земеме правото на крвна одмазда“, додал Кадиров.
Тој на крајот на ноември кажа дека демонстрантите треба да се застрелаат за да се спречат немири.
„Во спротивно, испукајте три предупредувања во воздух, а ако лицето потоа не го почитува законот, испукајте го четвртиот куршум во чело. Никој друг нема да излезе (да протестира). Ова е моја наредба“, порача тој на Телеграм како одговор на антисемитските протести во октомври во руската република Дагестан.