Турција е отворена за идејата за испраќање свои трупи во Украина во рамки на „мировна мисија“ по завршувањето на конфликтот, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. Според Блумберг, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за тоа разговарал со рускиот министер за надворешни работи и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Блумберг, повикувајќи се на анонимни извори, напоменува и дека Турција не намерава да стане дел од таква мисија доколку Анкара не учествува во консултациите и подготовките за нејзино формирање.
„Немаме такви информации, официјални изјави за ова прашање немало“, соопшти кабинетот на претседателот на Турција и додаде дека на највисоко ниво е изразена „исклучиво спремност да се помогне во дипломатските напори“ за решавање на конфликтот во Украина.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека смета дека е неопходно присуство на мировни сили во Украина во еден или друг облик, но дека форматот на оваа мисија мора да биде прифатлив за сите страни. Изјави дека Вашингтон ги поддржува плановите на Франција и Британија да распоредат свои сили во Украина. портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да ги коментира изјавите за тоа дека Москва наводно нема да биде против распоредување мировни сили во Украина.