сабота, 19 октомври 2024

Јужна Кореја тестираше ракета на цврсто гориво, Северна Кореја жестоко реагираше

Јужна Кореја успешно тестираше вселенска ракета на цврсто гориво која носела сателит над морето покрај островот Џеџу, соопшти Министерството за одбрана, во услови на растечка вселенска трка со соседна Северна Кореја. Тоа претставува трет тест од ваков вид по тестовите во декември и март минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

Лансирањето вклучува технологија развиена во државната Агенција за развој на одбраната и вселенска ракета и сателит произведени од јужнокорејската Ханва системс, се вели во соопштението на министерството. Ханва системс соопшти дека сателитот, кој ќе се користи за цивилни цели, вклучително и мониторинг на животната средина, успешно испратил сигнали до контролниот центар на Земјата.

Министерството го поздрави лансирањето како пресвртница бидејќи Пјонгјанг неодамна лансираше воен шпионски сателит.

Соединетите Држави и нивните сојузници го осудија лансирањето на Северна Кореја за користење ракетна технологија што е во спротивност со безбедносната резолуција на ОН. Успешното лансирање на Јужна Кореја ќе ги унапреди разузнавачките, надзорните и извидувачките способности на земјата, соопшти министерството.

Северна Кореја ги осуди, како што ги нарече, „двојните стандарди“ на Вашингтон во врска со лансирањето сателити од двете Кореи и рече дека таквите „разбојнички“ американски стандарди никогаш нема да се толерираат. „Северна Кореја ќе продолжи да ја извршува важната мисија за воспоставување воздушен надзор за темелно следење и контрола на воените потези на Соединетите Држави и другите непријателски сили“, соопшти севернокорејската вселенска агенција, пренесе државната новинска агенција КЦНА.

Минатиот месец Северна Кореја лансираше свој воен извидувачки сателит, а лидерот Ким Џонг Ун доби фотографии од Белата куќа, Пентагон и американските носачи на авиони во поморската база во Норфолк, Вирџинија, јавуваат државните медиуми.

Функционален извидувачки сателит би можел да ѝ овозможи на Северна Кореја далечински да ги надгледува американските, јужнокорејските и јапонските воени сили. Јужнокорејските сателити би ја намалиле зависноста на Сеул од американските разузнавачки системи.

Сепак, Пјонгјанг не објави никакви фотографии, оставајќи ги аналитичарите и странските влади да дебатираат за тоа колку е способен новиот сателит, а како одговор на критиките го бранеше лансирањето на сателитот како дел од своите суверени права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ