недела, 23 февруари 2025

Јужна Кореја ќе обезбеди заштита за севернокорејските војници заробени во Украина

Јужна Кореја е подготвена да обезбеди заштита и поддршка на севернокорејските војници заробени во Украина, доколку побараат да бидат прифатени во Јужна Кореја, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Сеул, по извештаите во медиумите дека севернокорејски војник заробен од украинските сили изразил намера да пребегне во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Севернокорејските војници се уставно признати како наши граѓани, а почитувањето на нивната слободна волја во однос на репатријацијата е во согласност со меѓународното право и обичајната практика“, се вели во соопштението на министерството, пренесе Јонхап.

Во соопштението се додава дека „согласно тоа, владата ќе ја обезбеди потребната заштита и поддршка во согласност со основниот принцип за прифаќање на сите поединци кои сакаат да дојдат во Јужна Кореја“.

Јужна Кореја ѝ го пренесе овој став на Украина и ќе продолжи да се ангажира во неопходните консултации со Киев, се вели во соопштението.

Министерството исто така изјави дека поединци не треба да бидат принудени да се вратат на места каде што може да се соочат со прогон.

Претходно денеска беше објавено дека еден од двајцата севернокорејски војници заробени во Украина изразил желба да замине во Јужна Кореја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ