понеделник, 28 октомври 2024
Серија А

Јувентус е мајстор за победа 1-0, Рома падна во Торино

Јувентус се доближи на -2 во однос на Интер откако вечерва славеше со 1-0 во дербито со Рома, Адриен Рабио беше стрелец на голот вреден три бода.

Објавено на

часот

Сподели

„Старата дама“ е мајстор за победа 1-0, ниту еден друг тим во Серија А нема триумфирано на толку многу натпревари (дури 12) со овој резултат во 2023 година.

Еден гол беше доволен и вечерва за Јувентус да ги освои трите бода во дерби пресметката со Рома.

Клучниот момент се случи на стартот од второто полувреме, кога Влаховиќ атрактивно го проигра Рабио со пета, а Французинот по земја на првата статива ја затресе мрежата на гостите.

Со овој триумф, Јувентус се доближи на -2 во однос на лидерот Интер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ