Мечот меѓу Јувентус и Интер познат како дерби на Италија, немаше победник.
Во првиот дел се играше возбудлив фудбал и динамичен фудбал. Резултатот го отвори Душан Влаховиќ кој погоди во 27. минута по асистенција од Киеза.
Предноста на Јуве не траеше долго, само шест минути подоцна по додавање од Турам, Лаутаро Мартинез даде гол за израмнување на 1-1.
За разлика од првиот дел, во второто полувреме речиси и да немаше ниту една шанса на двете страни.
По 13 одиграни кола во Серија А, Интер е лидер со 32 бода, два повеќе од Јувентус.