сабота, 19 октомври 2024

ЈСП вели дека не отпуштаат работници туку ги расчистуваат партиските вработувања кои го оптоварувале буџетот

Jавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска соопшти дека почнале да расчистуваат со партиските вработувања и превработеноста која, како што нагласуваат оттаму, создава сериозен товар на месечно ниво на буџетот на ова јавно претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

„Со години различни градски администрации на претпријатието се однесувале кон ЈСП како кон приватен бизнис од кој на секој можен начин се обидувале да извлечат лична корист со цел полнење на своите џебови на грбот на скопјани. Претходните администрации во претпријатието тоа го правеле преку наместени тендери, криминал и корупција и партиските вработувања кои станаа рак рана на македонското општество. Претходните администрации поради ваквото работење создадоа во ЈСП структурни проблеми за кои ќе бидат потребни години за да се решат. Никој во ЈСП не е избркан од работа туку едноставно на лица кои преку партија биле ставени на платен список во претпријатието со договор на дело им се истечени договорите за работа, се наведува во соопштението на ЈСП.

Додаваат и дека раководството на Јавното сообраќајно претпријатие работи професионално.

„Претпијатието ја запре лошата пракса на партиски вработувања кои беа сериозно оптоварување за буџетот на претпријатието. Со постоечкиот кадар кој е вработен на неопределно време ЈСП го исполнува оптималниот кадровски капацитет за пружање на граѓаните кои користат јавен превоз редовна, безбедна и сигурна услуга“, информираат од ЈСП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ