сабота, 19 октомври 2024

ЈП Лајка ќе поднесе кривична пријава против скопјанец за напуштање на своето куче

Скопското јавно претпријатие Лајка информира за случај на изгладнето куче кое скитало низ Аеродром каде било заловено, а според мирко чипот бил информиран соственикот, кој потоа го презел кучето. Но подоцна тој го оставил врзано во кругот на една фабрика, каде екипи на Лајка го пронашле истоштено и изгладнето. Против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава.

Објавено на

часот

Сподели

Лајка ја раскажа приказната за несреќното куче германски овчар.

„По пријава од граѓани за куче кое веќе подолго време е на јавен простор, напуштено, без сосптвеник, кучето беше заловено од нашите екипи на 18 октомври во општина Аеродром.

По стандарна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден, на 19 октомври кучето беше превземено од неговиот сопственик, кој го плати заловувањето на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП Лајка.

д

На 26 октомври, по пријава од граѓани дека има напуштено и заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, нашите екипи веднаш постапија по пријавата. Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и в р з а н во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе.

д

Овој пат кучето останува со нас до негово вдомување, случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

Кучето не е во најдобра здравствена состојба, се надеваме дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ