петок, 18 октомври 2024
Реплика кон градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода

ЈП Дрисла до Муцунски и Ѓорѓиев: Немате договор со нас, па каде го фрлавте сметот и колку депонии создадовте?

Објавено на

часот

Сподели

„Ги замолуваме градоначалниците од општина Кисела Вода и општина Аеродром да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.

Имено, ниту општина Аеродром, ниту општина Кисела Вода немаат потпишан договор со ЈП депонија Дрисла Скопје бидејќи истиот им е истечен во март месец.

Се поставува прашањето, каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП депонија Дрисла Скопје, единственото предвидено место за одложување на отпад?

Дали креирале и колку диви депонии креирале?

Колку од дивите депонии кои ги исчисти градот Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“, се вели во реакцијата од претпријатието.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ