понеделник, 3 февруари 2025
Изјава на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски

Јованов бил ослободен за претходната сторена сообраќајка откако платил казна, а ЗКП тоа го дозволува

Постапката која претходно се водела против Васил Јованов, осомничен за смртта на Фросина Кулакова, а која се однсува за сторена сообраќајка била завршена согласно Законот за кривична постапка. Ова денес на прес-конференција го изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кој појасни дека постапката не е запрена, ниту отфрлена туку се работи за законски предвидена можност кога има сообраќајка со телесни повреди.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да појаснам дека постапката за претходната сторена сообраќајка во која имало полесно повредено лица не е ниту запрена, ниту отфрлена, туку е постапено согласно ЗКП. А, тоа значи дека онаму каде се работи за полесни повреди казната се спроведува со одложено плаќање. Осомничениот се согласил да ја надомести штетата, а со тоа платил казна и на тој начин е завршена постапката. Напоменувам дека ова е пракса во голем процент од сообраќајките во кои се работи за полесни повреди“, рече Коцевски.

Младата Фросина Кулакова од Неготино чиј живот згасна на пешачкиот премин на булеварот „Партизански Одреди“ беше прегазена од возачот Васил Јованов (20). Тој пијан и без возачка седнал зад воланот, ја усмрти удирајќи директно во неа додека девојката минувала на зелено светло за пешаци, требало да биде во притвор за трговија со дрога.

Но, бил пуштен со одлука на судија од Основниот кривичен суд Скопје. Девојката што ја уби седнат зад воланот, по средното училиште ја почна модната академија, но нејзиниот живот згасна чекорејќи на пешачки кај „Силбо“, усмртена од пијаниот возач кој е добро познат на органите на прогонот.

Претходно без возачка сторил и друга сообраќајка, во која полесно повредил човек и поминал со парична казна.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ