Македонија утре со почеток од 18 часот игра против Естонија важен меч од квалификациите за ЕП 2025. Мора да ги победиме Естонците со повеќе од шест коша разлика за да ги задржиме шансите за пласман на Евробаскетот.
На селекторот Јончевски му е јасно дека противникот ќе се обиде да го искористи фактот што Македонија нема класичен центар.
„Одбраната ни е во фокусот, но не би сакал многу да зборувам околу плановите за тоа како ќе му пристапиме на натпреварот. Главни ќе бидат добрата енергија и мотивацијата. Најголем проблем ќе ни биде играта под кошевите бидејќи Естонците се агресивни во нападот, а нам ни недостасува странец на центарската позиција. Знам дека противникот ја знае нашата слаба точка, но ќе се обидеме да ја покриеме“, рече Јончевски.
Ако успееме да направиме чудо против Естонија, ќе ни треба да ја совладаме и Полска в понеделник на домашен терен, но и да чекаме пораз на Естонците кај Литванија.