Македонија со убедливи 96-71 ја совлада Полска и тоа на нејзин терен. Димитријевиќ беше во центарот на вниманието, а одигра игра излезе само неколку секунди.
„Ги почитуваме сите репрезентации во групата по поразот од Естонија на домашен терен. Тоа важи и за Полска која има одлични играчи и фантастичен селектор и мошне сериозно го сфативме денешниот натпревар. Ризикувавме со отворени позиции за Балчеровски, но тоа беше наша стратегија и излезе добро“, рече селекторот Јончевски по мечот.
„Им честитам на сите играчи, без разлика дали играа една или 39 минути и сите се заслужни за победата. Морам да кажам дека добро го анализиравме натпреварот со Литванија, ги видовме добрите и лошите страни и го искористивме тоа“.
„Што се однесува до Нено, го почувствува моментот и бараше да игра до последната секунда. Го понесе адреналинот и не сакаше да прифати ништо друго, освен победа“.