четврток, 6 февруари 2025

Јокиќ и Портер ги постигнаа повеќе од половината поени во победата над Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ја оствари четвртата победа во низа откако на домашен терен го растури Њу Орлеанс со 144-119, а главни ѕвезди беа Јокиќ и Портер.

Објавено на

часот

Сподели

Најслабиот тим во Западната конференција беше лесен плен за Јокиќ и компанија кои до победата стигнаа со подобра игра во второто полувреме. Првото заврши нерешено (68-68), но во вториот дел Денвер ја засили играта во одбрана и на крајот славеше убедлив триумф.

Особено се истакнаа Портер и Јокиќ кои постигнаа повеќе од половина од поените на Нагетс на овој натпревар. Двајцата остварија дабл дабл, Портер беше најефикасен со 39 поени и 12 скока, а Јокиќ остана на два скока од трипл дабл (38 поени, 10 асистенции).

Во тимот на Њу Орлеанс, најефикасен беше Зајон Вилијамсон со 28 поени, Марфи додаде 25, а Мекалум 19.

Резултати:
Атланта – Сан Антонио 125-126
Шарлот – Милвоки 102-112
Детроит – Кливленд 115-118
Бруклин – Вашингтон 102-119
Филаделфија – Мајами 101-108
Торонто – Мемфис 107-138
Минесота – Чикаго 127-108
Денвер – Њу Орлеанс 144-119
Јута – Голден Стејт 131-128
Оклахома – Феникс 140-109
Сакраменто – Орландо 111-130

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ