сабота, 19 октомври 2024

Јокиќ и Денвер ја урнаа Минесота, Дончиќ и Далас славеа во тексашкото дерби против Сан Антонио (ВИДЕО)

Никола Јокиќ го предводеше Денвер до голема победа на гостувањето кај Минесота, шампионот славеше со 115-112, Далас со 113-107 триумфираше на гостувањето кај Сан Антонио во дербито на Тексас, Лука Дончиќ не беше најефикасен, но запиша нов трипл-дабл.

Објавено на

часот

Сподели

Во овој меч двете екипи влегоа со идентичен скор, со по 47 победи и 21 пораз. Денвер на крилјата на Јокиќ покажа кој е шампионот и дојде до триумфот.

Денвер подобро го почна мечот, во текот на втората четвртина дојде и до највисоки 18 поени разлика, беше 64-46 за Нагетс, но Минесота успеа да се врати, дури и да поведе во текот на третиот период.

Натпреварот влезе во интересен и возбудлив финиш во кој кошаркарите на Денвер подобро се снајдоа и дојдоа до победа од 115-112.

Најдобар поединец на мечот беше Никола Јокиќ кој постигна 35 поени, имаше и 16 скокови, во составот на Минесота најефикасен беше Едвардс со 30 поени.

Натпреварот во најголемиот тек беше изедначен, двете екипи се менуваа во водство, финишот му припадна на Далас кој на крајот дојде до триумф кај ривалот.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 18 поени, имаше 16 асистенции и 10 скокови, најефикасен во составот на Далас беше Ирвинг со 28 поени. Во тимот на Сан Антонио Џонс постигна 22 поени, Вембањама реализираше 12 поени, имаше и 11 скокови.

Резултати:
Орландо – Шарлот 112-92
Вашингтон – Хјустон 114-137
Бруклин – Њу Орлеанс 91-104
Сан Антонио – Далас 107-113
Минесота – Денвер 112-115

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ