Јокиќ постигна 38 поени, имаше дури 19 скокови и осум асистенции, но неговата маестрална партија беше залудна, Хјустон убедливо го доби мечот.
Во составот на ракетите најдобар беше Грин со 25 поени, Сенгул постигна 21 поен, имаше и 15 асистенции.
Изедначени беа само воведните минути, при крајот на првата четвртина Хјустон дојде до двоцифрена предност која ја држеше во текот на целиот меч.
Денвер на последните седум натпревари има дури пет порази.
Резултати:
Орландо – Бостон 113-96
Мемфис – Феникс 89-110
Њујорк – Мајами 100-98
Торонто – Чикаго 121-108
Хјустон – Денвер 105-86
Индијана – Детроит 136-113
Милвоки – Вашингтон 131-128
Минесота – Сакраменто 111-124
Голден стејт – Сан Антонио 118-112
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106-116