среда, 5 февруари 2025

Јенс Столтенберг станува министер за финансии на Норвешка

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе биде назначен за министер за финансии на Норвешка, како дел од реконструкцијата на владата, објавија норвешките медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Столтенберг е член на Работничката партија и беше премиер на Норвешка од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година.

Откако помина една деценија како генерален секретар на НАТО, Столтенберг минатата година ја напушти функцијата.

65-годишниот Столтенберг веќе ја извршуваше функцијата министер за финансии – во 1996 и 1997 година, вели Ројтерс.

Евроскептичната Партија на центарот во четвртокот ја напушти владата, поради спор околу прифаќањето на енергетската политика на Европската Унија. Така, Работничката партија остана сама во владата, осум месеци пред парламентарните избори.

Столтенберг требаше да стане гувернер на Централната банка на Норвешка во 2022 година, но тогашниот американски претседател Џозеф Бајден го замоли да остане на чело на НАТО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ