сабота, 19 октомври 2024

Јеменските хути се вклучија во војната, го нападнаа Израел со беспилотни летала

Јеменската милитантна група Хути ја презеде одговорноста за нападите со беспилотни летала врз централен Израел во текот на ноќта.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Хутите тврдат дека успешно погодиле „витална цел“ во Тел Авив со неколку беспилотни летала, пишува Тајмс оф Израел.

Израелската војска (ИДФ) претходно соопшти дека беспилотно летало на израелското воздухопловство е соборено над морето во близина на брегот на централен Израел.

Кратко време подоцна, над морето биле идентификувани уште два дрона, од кои едниот бил соборен, а другиот слетал на отворен простор, велат од армијата.

Во друг инцидент, сирените се вклучија во централниот град Бат Јам.

Во нападот со беспилотни летала, според соопштението на ИДФ, нема штета или повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ