сабота, 19 октомври 2024

Јелен: САД ќе бидат одговорни за поразот на Украина доколку помошта не помине во Конгресот

Соединетите Американски Држави ќе бидат „одговорни за поразот на Украина“ доколку Конгресот не го одобри новото барање на администрацијата на Бајден за мултимилионско финансирање на земјата разурната од војна, рече секретарот за финансии Џенет Јелен, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа својот обраќање до американскиот Конгрес.

Објавено на

часот

Сподели

Во вторникот, во Мексико Сити таа пред новинарите рече дека финансирањето, особено на општиот државен буџет на Украина, е „апсолутно неопходно“ и дека тоа е предуслов за поддршката на Меѓународниот монетарен фонд да продолжи да стигнува до Украина.

Јелен рече дека финансирањето на Украина е од суштинско значење за сите американски сојузници во Европа, кои ѝ помагаа на земјата да победи во борбата против руската инвазија.

Шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека доцнењето на помошта од САД создава „голем ризик“ Украина да ја загуби речиси двегодишната војна.

Украинскиот лидер подоцна ги откажа плановите да му се обрати на Конгресот со барање за директна американска помош, додека конгресмените дебатираа за дополнителен пакет трошоци од повеќе од 100 милијарди американски долари што ќе вклучува помош за Украина и Израел, како и финансирање на заштитата на границите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ