„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да им излезат во пресрет на граѓаните на Скопје, на болните, децата., вработените да стигнат на своите работни места. Меѓутоа во 9:00 часот автобусите се повлекуваат во база. Во 10:30 часот вработените на ЈСП ќе бидат пред Советот на Град Скопје, каде што ќе се носи иодлуката за субвенционирање на јавниот градски превоз и таму ќе бидат се додека не се донесе одлуката за субвенционирање“, вели Миќо Стојановски, Синдикат на ЈСП.
Тој додава сека штом платите за декември ќе легнат на сметките на вработените во ЈСП веднаш влезат во автобусите и ќе сообраќаат низ улиците на Град Скопје.