сабота, 19 октомври 2024

Јапонија наскоро ќе започне со испуштање на прочистена радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима

Објавено на

часот

Сподели

Објавата најверојатно ќе дојде набргу откако премиерот Фумио Кишида ќе се сретне со американскиот претседател Џо Бајден и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол во Соединетите Држави следната недела за да им ја објасни безбедноста на таквата вода, објави Ројтерс.

Јапонското нуклеарно регулаторно тело минатиот месец му даде зелено светло на операторот на централата Токио Електрик Пауер да започне со ослободување на водата – за која Јапонија и Меѓународната агенција за атомска енергија велат дека е безбедна, но околните земји стравуваат дека може да ја контаминира храната.

Во септември во близина на Фукушима, североисточно од Токио треба да започне риболовот, а владата има намера да почне да испушта вода пред почетокот на риболовната сезона, пишува весникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ