недела, 6 октомври 2024

Јапонија и Филипините потпишаа одбранбен пакт

Јапонија и Филипините потпишаа клучен одбранбен пакт, со кој им се овозможува на јапонските сили да бидат распоредени на Филипините за време на заеднички воени вежби.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Филипините, кои беа под јапонска окупација во Втората светска војна, сега се сојузници со таа земја бидејќи се соочуваат со сè помоќната Кина.

Договорот за реципрочен пристап, кој исто така им овозможува на филипинските сили да влезат во Јапонија на заеднички воени вежби, беше потпишан од филипинскиот министер за одбрана Жилберто Теодоро и јапонската министерка за надворешни работи Јоко Камикава на церемонијата во Манила на која присуствуваше и претседателот Фердинанд Маркос Џуниор.

Камикава го нарече потпишувањето на договорот за одбрана „револуционерно достигнување“ што дополнително треба да ја зајакне одбранбената соработка меѓу Јапонија и Филипините.

„Слободен и отворен меѓународен поредок заснован на владеење на правото е основата на регионалниот мир и просперитет. Би сакале тесно да соработуваме со вашата земја за да го одржиме и зајакнеме ова“, рече таа.

Соединетите Американски Држави, исто така, зајакнуваат голем број воени сојузи во Индо-Пацификот за подобро да се спротивстават на Кина. Тврдењата на Пекинг кон Тајван доведоа до тоа голем број азиски земји да го зајакнат својот воен сојуз со Америка.

Јапонија и Филипините се договорни сојузници на САД и нивните лидери одржаа разговори во април во Белата куќа, каде што американскиот претседател Џозеф Бајден потсети на „железната“ посветеност на Вашингтон да ги брани Јапонија и Филипините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ