„Ѓаволот ја однесе шегата. Вооружете се. Легално“, го почна Јанша својот повик на социјалната мрежа Икс (Твитер).
Додава дека паметните го сфатиле повикот, а дека останатите ќе им веруваат на властите „дека се способни да ја заштитат Словенија, но и нив лично во случај на терористички напади“.
Јанша наведе дека државните власти од јуни ги игнорираат повиците на Словенечката демократска партија (СДС), на чие чело е Јанша, за свикување на Советот за национална безбедност, за да се расправа за мерки за сузбивање на нелегалните миграции и справување со безбедносните ризици.
„Ја урнаа оградата и сега, кога во паника повторно воведуваат контроли на границите со соседите, само го пренасочуваат протокот на нелегалците од улиците во вагоните“, додаде Јанша.
Vrag je vzel šalo. Oborožite se. Legalno.
Hvala vsem, ki so poziv razširili. Tudi tistim, ki so ga nehote. Mislim na radikalizirane medijske zvezde, ki so v času kovida dnevno pozivale na nezakonito ravnanje ali promovirale tiste, ki so to počeli, sedaj pa so zgrožene, ko nekdo… pic.twitter.com/G08eU7G50x
— Janez Janša (@JJansaSDS) October 22, 2023
Наведува дека светот се изменил во последната деценија и дека се поткопани темелите на вредностите на западната цивилизација. „Притисокот на масовните нелегални миграции радикално го разурнува постоечкиот начин на живот во ЕУ и ги јакне милитантите, протерористичките јадра во европските метрополи. Некогаш успешните и безбедни градови бележат невиден пораст на криминалот. Тука, за жал, спаѓа и Љубљана“.
„Со последниот упад на палестинските терористи во Израел уште еднаш се потврди колку е важно народот да биде добро и легално вооружен“, додаде Јанша.
На крајот на постот Јанша подвлекува три работи и го повторува повикот до Словенците да се вооружат.
„На секој писмен денес му се јасни три работи:
1. Со голема веројатност можеме да очекуваме заострување на безбедносната ситуација.
2. Сегашната гарнитура на власт не е ни приближно способна за навремени проценки, подготовки и дејствување.
3. Секој е должен да направи сè што е во рамките на уставниот поредок можно за заштита на своето семејство и татковината.
Затоа: Ѓаволот ја однесе шегата,. Вооружете се. Легално“, се наведува во постот.