„Не би ги нарекла санкции, бидејќи мора да ги одобри Советот, но зборуваме за политички и финансиски мерки, кои нормално ќе ѝ нанесат штета на владата на Србија“, кажа Фон Крамон за Јуроњуз на албански јазик.
Таа порача дека претседателот на Србија Александар Вучиќ треба да соработува и да обезбеди соодветна истрага за настаните од 24 септември.
„Вучиќ контролира многу нешта кои што се случуваат во Србија. Тешко е да се помисли дека не бил свесен што се случува околу набавката на вооружувањето, ниту организацијата на агресорската група. Меѓутоа, не мислам дека Србија е заинтересирана за поголем воен напад, или војна“, кажа таа.
Фон Крамон наведе дека за нерешените прашања во дијалогот на Косово и Србија се разговара за нов предлог, но не наведе детали.
„Она што го сфатив е дека многу дипломати составуваат уште еден предлог за тоа како ќе продолжиме. Не можам да дадам повеќе детали во овој момент“, кажа Фон Крамон.