понеделник, 21 октомври 2024

Израелските сили стигнаа до морето, Појасот Газа поделен на север и југ

Израелските одбранбени сили (ИДФ) целосно го опколија градот Газа и стигнаа до морето, ефективно делејќи го Појасот Газа на север и југ, изјави на брифинг портпаролот на армијата, бригадниот генерал Даниел Хагари.

Објавено на

часот

Сподели

Исто така, началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви во неделата вечер изјави дека армијата е подготвена „во секој момент да започне офанзива на север“, каде Израел се граничи со Либан и во последните недели се бори секој ден против ракетните напади на либанската милитантна група Хезболах.

„Денес силите на ИДФ од пешадиската бригада Голани го опколија градот Газа, стигнаа до морето и ги држат позициите. Градот Газа е исто така опколен од југ, а всушност сега има север од Појасот Газа и југ. Сѐ уште е во функција коридорот долж кој жителите на северната енклава и Газа можат да се движат на југ“, рече тој, според Тајмс оф Израел.

Тој рече дека армијата во моментов изведува опсежни напади во Појасот Газа.

„Сега има широко распространети напади на терористичката инфраструктура, под земја и над земја“, рече Хагари одговорајќи на прашање на синоќешната прес-конференција.

Претходно во неделата, израелската армија соопшти дека напредувала длабоко во Појасот Газа од север и зазела позиции долж брегот.

Се наведува дека за време на борбите биле погодени повеќе од 1.600 објекти на Хамас.

Началникот на Генералштабот Халеви рече дека армијата е подготвена „во секој момент да започне офанзива на север“.

„Разбираме дека тоа може да се случи и веруваме дека нашата одбрана е силна“, додаде Халеви.

„Поставивме цел значително да ја обновиме безбедносната ситуација на границите, не само кон Појасот Газа“, рече Халеви, објави Тајмс оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ