„Ѝ наредив на израелската армија да подготви план што ќе му овозможи на секој Газанец што тоа го сака да отиде на кое било место во светот што ќе се согласи да ги пречека“, рече Кац.
Тој додаде дека планот ќе вклучува „опции за излез на копнени премини, како и посебни аранжмани за излез по морски и воздушен пат“.
Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа изјави дека Трамп мислел само на привремено заминување на Палестинците од Појасот Газа додека не се обнови опустошената територија, иако Трамп тогаш експлицитно го спомена зборот „трајно“ иселување.
Трамп предизвика силни реакции низ светот кога за време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предложи дека САД би можеле да го „преземат“ разурнатиот од војна Појас Газа.