„Што друго може да се очекува од земја чие дејствување е водено од зло во обид за создавање судир со поддршка од земјите од „оската на злото““, кажа Дени Данон, користејќи го погрдниот израз за арапските земји потписнички на писмото.
Турското министерство за надворешни работи соопшти дека го предало писмото во Обединетите нации, а меѓу потписниците се Арапската лига и Организацијата на исламска соработка.
Израел се соочува со меѓународни критики поради водењето на војната во Газа, во која израелската војска уби најмалку 43.374 луѓе, од кои повеќето цивили, според податоците на министерството за здравство кои Обединетите нации ги сметаат за релевантни.
„Ова писмо е уште еден доказ дека ОН ги водат некои злонамерни земји, а не либерални земји кои ги поддржуваат вредностите на правдата и моралот“, кажа Данон.
Турското писмо, како што пренесува Франс прес, го нарекува огромниот број цивилни жртви „несовесен и неподнослив“.
„Затоа го упатуваме овој заеднички повик да се преземат итни чекори за да се сопре испораката и преносот на оружје, муниција и слична опрема на Израел, окупациската сила, во сите случаи кога постојат разумни причини за сомнеж дека би можеле да се користат во окупираните палестински територии“, се наведува во писмото.
Се оддава дека Советот за безбедност на ОН мора да преземе чекори за да обезбеди почитување на своите резолуции „кои флагрантно се кршат“.
Советот за безбедност на ОН повика во март на прекин на огнот во Газа, но не можеше да одговори едногласно поради ветото на клучниот израелски сојузник, Вашингтон.