петок, 18 октомври 2024

Израелски војници со теренец газеле тело на Палестинец, ИДФ без коментар (ВИДЕО)

Снимката од безбедносна камера пред куќа во градот Тулкарм на Западниот Брег покажува како израелски војници во возило повеќе пати прегазуваат тело на Палестинец што бил застрелан за време на рација.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Израел не ја коментираше веднаш снимката, која се појави откако израелската гранична полиција во понеделникот соопшти дека нејзините командоси извршиле рација во Тулкарм за да уапсат баран милитант и убиле три вооружени лица во конфронтација.

Снимките од понеделникот покажуваат како израелските безбедносни сили ноќе се приближуваат до куќата и пукаат во група млади мажи, од кои најмалку еден е вооружен, откако тие истрчале од куќата на улица.

Двајца од нив биле погодени на улица и останале да лежат, а на снимката од друг агол се гледа дека е погоден и трет маж.

На снимката се гледа возило на израелските безбедносни сили како се приближува до две тела на земја и преминува врз едно од нив, во еден момент застанувајќи врз нозете на човекот.

На снимка што очигледно е направена подоцна, се гледа дека едното тело веројатно е преместено на страната на патот додека друго возило преминува врз второ тело, а потоа уште два пати го прегазува.

Запрашан за видеото, портпаролот на граничната полиција го упатил Ројтерс во канцеларијата на портпаролот на израелската војска, кој не дал веднаш коментар.

Снимка од истата сцена, но од друга камера, очигледно снимена неколку моменти порано, покажува како неколку Палестинци бегаат од куќата, додека едниот му подава пушка на друг, кој веднаш е застрелан.

На видеото се гледаат двајца мажи на улица од друг агол, како и трет маж како лежи на приодот кон куќата.

Палестинското Министерство за надворешни работи објави соопштение во кое го осудува инцидентот, кој според него е одраз на „култура на омраза и екстремизам“.

Бригадите Тулкарм, вооружена милитантна група поврзана со Фатах, која ја предводи меѓународно признаената Палестинска управа, тврди дека еден од убиените Палестинци во понеделникот бил нејзин член.

Тулкарм, локација на еден од главните премини меѓу Западниот Брег и Израел, беше повеќепати напаѓана од израелските безбедносни сили по нападот од Хамас на 7 октомври во Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ