Позицијата се наоѓа во областа Керем Шалом, кажа портпаролот Даниел Хагари.
Кај Керем Шалом има граничен премин, но од описот на ИДФ не е јасно каде точно погодил тенковскиот проектил.
„Инцидентот се истражува, а деталите се обработуваат. ИДФ жали за инцидентот“, кажа Хагари.
Се огласи и портпаролот на египетската војска, кој потврди дека граничари добиле лесни повреди откако ги погодиле фрагменти од гранатата испукана од израелскиот тенк.