Според израелските медиуми, војниците загинале вчера во пријателски оган од израелски тенкови за време на судир со милитанти на Хамас.
според извештаите тенкот погодил зграда во бегалскиот камп Џабалија, во кој биле сместени војниците. Екипажот на тенкот мислел дека израелските војници се вооружени Палестинци.
Дневниот весник Ерусалим пост пишува дека оклопните возила во тој момент биле под силен оган на противтенковски гранати, па за заштита ја затвориле куполата и оптиката на возачот.
Според податоците на израелската војска, од почетокот на војната во Газа загинале 626 израелски војници, а околу 3.500 се ранети.