Преговорите за втората фаза од договорот треба да почнат пред крајот на првата фаза на 2 март.
„Моделот на Хезболах во Газа не би бил прифатлив за Израел, затоа ни треба целосна демилитаризација на Газа и никакво присуство на Палестинската самоуправа“, рече Саар на прес-конференција.
Хезболах, кој ја ужива поддршката на Иран, е воено и политички влијателна сила во Либан која се спротивставува на влијанието на Израел и Западот во регионот.
Тој додаде дека Израел е свесен за алтернативниот план на арапските држави за Газа, создаден како противтежа на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за обнова на појасот, но под контрола на САД, за кој израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека вреди да се истражува.
Израел нема да поддржи план кој би ја префрлил цивилната контрола над Газа од Хамас на Палестинската самоуправа, додаде Саар.