петок, 18 октомври 2024

Израелски министер го отфрли предлогот на Египет и Катар за технократска влада во Газа

Израелскиот министер за финансии Безазел Смотрич изјави дека воениот кабинет нема мандат да ја сопре војната пред да се остварат воените цели и решително го отфрли неодамнешниот предлог на Египет и Катар да заврши војната во Појасот Газа и да се формира технократска влада која ќе управува со територијата, заедно со Западниот брег.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот, кој е на чело на крајно десната партија Верски ционизам, истакна дека израелската воена влада нема мандат да одобри таков план и дека неговата партија не би била партнер во влада која се согласува да ја прекине војната или да има дозволи на функционерите на Палестинската самоуправа да бидат вклучени во управувањето со Газа, пренесува Тајмс оф Израел.

„Грешките не се повторуваат. Секој кој мисли дека државата Израел ќе се согласи на некој план на формирање професионална влада, во која ќе бидат вклучени Хамас и Палестинската самоуправа под маска на технократски функционери, живее во илузија“, оцени Смотрич.

Тој му замери на Египет што дозволил во претходните години огромни количества муниција да влезат во Газа и наведе дека таа земја треба да им дозволи на жителите на Газа да ја преминат египетската граница за да емигрираат во други земји.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ