среда, 5 февруари 2025

Израелската војска уништи шест брода на сириската морнарица (ВИДЕО)

Израелската војска погодила вчера најмалку шест брода на сириската морнарица во напад на сириското пристаниште Латакија, соопшти денес британската осигурителна компанија Амбреј. На снимката се гледа дека еден брод се насукал, а дека пет се потонати, без видлива штета на инфраструктурата на пристаништето.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сириски безбедносни извори потврдиле за Ројтерс дека израелската војска гаѓала објект за противвоздушна одбрана во близина на Латакија.

Израелски авиони веќе неколку дена гаѓаат цели низ Сирија, наводно уништувајќи воени авиони, проектили и хемиско оружје, плашејќи се да не паднат во рацете на џихадистите. Министерот за одбрана Израел Кац кажа денес дека израелски воени бродови ја уништиле сириската воена флота.

Турски воени извори, пак, соопштија дека турските сили уништиле дванаесет камиони натоварени со проектили и тешко оружје, два тенка и складишта за муниција на курдската милиција ИПГ во североисточна Сирија. Изворот кажал дека сириските оружени сили ја оставиле воената опрема кога ја напуштиле областа Камишли.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ