вторник, 22 октомври 2024

Израелската војска: Го убивме хамасовецот кој нареди масакр врз нашите цивили

Израелската војска денеска соопшти дека нејзините воени авиони елиминирале висок командант на Хамас одговорен за терористичките напади на две заедници на 7 октомври.

Објавено на

часот

Сподели

Лидерот на Хамас, Нсим Абу Аџина е одговорен за „масакрот на 7 октомври во заедниците Ерез и Мошав Нетив ХаАсара“, се вели во заедничката изјава на Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Израелската агенција за безбедност (ИСА) објавена на Телеграм.

„Во минатото Абу Аџина командуваше со Хамасовата воздушна мрежа и учествуваше во развојот на дронови и параглајдери на терористичката организација“, се вели во соопштението.

„Неговата елиминација значително им штети на напорите на терористичката организација Хамас да стави крај на копнените активности на ИДФ“, се додава.

Израелската војска исто така утринава соопшти дека во претходните 24 часа погодила околу 300 цели во Појасот Газа, „вклучувајќи локации за противтенковски и ракетни лансирања под земја, како и воени комплекси во подземни тунели кои им припаѓаат на терористите на Хамас“.

Израелската војска исто така соопшти дека убила повеќе членови на Хамас за време на копнена операција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ