Израелските медиуми јавуваат дека сега е прекината врската на патот Салах ал-Дин во источна Рафа, кој беше освоен од бригадата Гивати во синоќешната офанзива.
Во таа операција, според израелската армија, биле убиени околу 20 вооружени лица, а војниците откриле три отвори за тунели.
Во офанзивата било погодено и уништено возило полно со експлозив што се движело кон израелски тенк, соопшти армијата. Во таа операција нема повредени израелски војници.
Војниците сега ја пребаруваат областа и се вели дека се подготвуваат за дополнителни мисии.
Во меѓувреме, повеќе од 50 цели на Хамас во Рафа биле погодени од израелските воздухопловни сили.
Палестински безбедносни и египетски функционер претходно утринава изјавија дека израелски тенкови влегле во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа и се оддалечени само 200 метри од граничниот премин со соседен Египет и дека воената операција е со ограничен опсег.
Египетски функционер и телевизијата Хамас Ал Акса објавија дека израелските власти најавиле повлекување откако операцијата ќе заврши.
Израелската армија не коментираше.