Според Израелците, црвените рамки на фотографиите ги означуваат местата каде Хамас има стационирано оружје, додека белите рамки покажуваат цивилна инфраструктура, вклучувајќи градинка, зграда на ОН, училишта и џамија. Скај њуз нагласува дека фотографиите не се независно проверени.
— Israel Defense Forces (@IDF) October 22, 2023
Израел постојано ја обвинуваше исламистичката организација Хамас дека го злоупотребува сопственото население како жив штит. Израелската армија пред повеќе од една недела ги повика цивилите на северот на Газа да се движат кон јужниот дел на областа.
Луѓето кои се грижат за безбедноста на своите семејства треба да се упатат кон југ, се вели во тогашното соопштение на израелските вооружени сили. Израел, исто така, користеше летоци за да ги пренесе повиците за евакуација до жителите на Газа. Имаше информации дека Хамас ги спречува цивилите да бегаат.