понеделник, 21 октомври 2024

Израел предлага двомесечна пауза во борбите во Газа за ослободување на сите заложници

Израел му дал на Хамас предлог преку катарски и египетски посредници кој вклучува до два месеци пауза во борбите како дел од договор во повеќе фази, јавува Аксиос.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Договорот би вклучувал ослободување на сите преостанати заложници кои се држат во Газа, се додава во извештајот кој го пренесе Ројтерс повикувајќи се на два израелски функционери.

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави претходно денес дека на семејствата на заложниците кои се заробени во Газа им кажал дека Хамас не понудил конкретен предлог за нивно ослободување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ