недела, 20 октомври 2024

Израел објави нова снимка од тунелите: „Ова е доказ, Хамас води војна од болниците“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Израелските одбранбени сили (ИДФ) доцна синоќа објавија видео снимки и слики на кои се прикажани дополнителни влезови во тунелите, како и подземни простории и засолништа.

ИДФ се сомнева дека под најголемата болница во Појасот Газа се наоѓа команден центар на Хамас, кој се протега до зградите во близина на Ал Шифа.

Пред неколку дена, за време на својата контроверзна операција во болницата, израелската армија откри окно за кое вели дека води до дел од тунелот кој по 55 метри води до врата „отпорна на експлозија“. Како што сега соопшти армијата, зад таа врата има климатизирана просторија и бања и други окна.

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари изјави дека резултатите од истрагата во тунелите се доказ за операциите на Хамас под болницата. Болницата намерно била користена како складиште за оружје и команден центар на Хамас, рече тој.

Хамас го негира ова. Додека агенцијата ДПА наведе дека не било можно самостојно да се проверат информациите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ