Израелските власти проценуваат дека овие преговори, чии посредници ќе бидат Катар и Египет, би можеле да траат и до две недели, пренесува Ројтерс.
Преговорите почнуваат по предлогот на Хамас со три фази да се прекинат борбите, од кои првата фаза подразбира шестнеделен прекин на огнот и ослободување 35 заложници во замена за 350 затвореници кои ги држи Израел, пренесува Тајмс оф Израел.
Покрај тоа, Хамас би ослободил пет жени војнички во замена за 50 затвореници, а израелските сили би се повлекле од двата главни патишта во Газа за раселените Палестинци да се вратат на северот на Газа и за хуманитарната помош непречено да стигнува во таа област.
Во втората фаза двете страни би прогласиле траен прекин на огнот, а Хамас би ги ослободил преостанатите заложници во замена за уште затвореници, додека во третата фаза Хамас би ги предал сите тела на починатите кои ги има во замена за деблокада на Газа.
Израел ја исклучи опцијата за траен прекин на огнот, останувајќи така на планот целосно да го уништи Хамас по размената на заложниците.