вторник, 22 октомври 2024

Израел и Хезболах најавуваат ескалација, САД не сакаат проширување на конфликтот

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац кажа дека набрзо може да дојде до одлука за целосна војна со Хезболах, и покрај американските предупредувања за спречување ескалација на конфликтот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претставник Амос Хохштај е испратен во Либан за да ги смири тензиите по сè почестите прекугранични престрелки долж либанската јужна граница, како и навестувањето на Хезболах дека би можеле да ја нападнат Хаифа, третиот по големина град во Израел.

Хезболах, кој е под иранско покровителство, разменува оган со израелските сили во изминатите девет месеци паралелно со израелската војна во Газа. Минатата недела групата испука досега најголем број ракети и дронови кон израелски воени објекти, откако израелските сили убија нивен командант.

Кац во пораката на социјалната мрежа Икс кажа дека во екот на закани на Хезболах дека ќе бидат оштетени пристаништата во Хаифа со кои управуваат кинески и индиски компании „доаѓаме многу блиску до моментот на одлука за промена на правилата на игра против Хезболах и Либан“.

„Во отворена војна Хезболах ќе биде уништен, а Либан сериозно поразен“, додаде израелскиот министер.

Израелската војска подоцна соопшти дека „оперативни планови за офанзива во Либан се одобрени и потврдени и дека се донесени одлуки за продолжување на засилувањето на спремноста на војската на терен“.

Израел ќе плати висока цена, но земјата е обединета и мора да ја врати безбедноста на жителите на северот, додаде Кац.

Хезболах кажа дека нема да ги сопре своите напади ако не дојде до прекин на огнот во Појасот Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ