петок, 18 октомври 2024

Израел го бомбардираше центарот на Бејрут, загина американски државјанин

Израел го бомбардираше центарот на Бејрут во раните утрински часови во четвртокот, при што загинаа најмалку шест лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израел објави дека е извршен прецизен воздушен напад врз либанската престолнина. Очевидци на Ројтерс објавија дека слушнале огромна експлозија, а извор од безбедносните сили рече дека цел била зграда во близина на парламентот.

Министерството за здравство на земјата (кое не е под контрола на Хезболах) соопшти дека во израелските напади врз Либан во последните 24 часа загинале 46 лица.

Во нападите се ранети и 85 лица, се додава.

Либанските власти велат дека повеќе од 1.000 луѓе биле убиени во изминатите две недели, додека околу еден милион е можно да се раселени.

„ИДФ изврши прецизен удар во Бејрут“, се вели во соопштението на ИДФ. Се вели дека ќе следат повеќе детали.

Скај њуз објави дека нивната новинарска екипа во Бејрут слушнала најмалку три големи експлозии.

Не е јасно дали се експлозии или е поврзано со некоја израелска воена активност, пишува Скај њуз.

Израелските и либанските медиуми јавуваат дека Израел го напаѓа упориштето на Хезболах Дахиех – предградие јужно од Бејрут.

Еден американски државјанин од Мичиген е меѓу загинатите во неодамнешниот израелски воздушен напад врз Либан, пренесоа американските медиуми.

Детроит њуз објави дека Каме Ахмад Џавад (56), кој бил во Либан да се грижи за својата постара мајка, е убиен.

Неговите пријатели на социјалните мрежи објавија дека Џавад е убиен во израелски воздушен напад, објави Скај њуз.

Портпаролот на Белата куќа подоцна ја потврди неговата смрт, нарекувајќи ја смртта на Џавад трагедија, како и смртта на многу цивили во Либан.

Конгресменката од Мичиген Рашифа Тлаиб, единствената Американка со палестинско потекло во Конгресот и жесток критичар на американската поддршка за Израел, беше меѓу оние кои реагираа на веста.

Таа во објава на Инстаграм рече дека САД требало да ја искористат својата моќ да бараат прекин на огнот за да се запре убивањето на цивили.

„Веќе изгубивме еден Американец кој беше татко на четири деца“, рече Тлаиб.

Израелските сили и Хезболах, поддржан од Иран, се впуштија во копнени борби во јужен Либан, откако Иран во вторникот го започна својот најголем напад врз Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ