Како што се наведува, безбедносната закана за израелските патници во Турција „е крената на 4-ти највисок степен“.
„Имајќи го предвид постојаниот пораст на терористичките закани против Израел во странство, сите Израелци кои престојуваат во Турција мора што побрзо да заминат“, предупреди израелскиот Национален совет за безбедност во официјално соопштение.
Синоќа беа организирани протести пред израелскиот конзулат во Истанбул и пред амбасадата во Анкара откако беше ракетирана болницата во Газа, при што беа убиени повеќе стотици цивили, пациенти и палестински бегалци.
Израел и Палестинците меѓусебно се обвинуваат за ракетирањето кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го припиша на Израелците осудувајќи го „најновиот пример на израелски напади лишени од секаква човечност“.