понеделник, 21 октомври 2024

Израел до своите граѓани: Веднаш да ја напуштите Турција

Советот за национална безбедност на Израел издаде предупредување до своите граѓани да не патуваат во Турција и Мароко, повикувајќи се на стравувањата дека израелските патници ќе бидат цел на оние кои се лути поради тековната војна меѓу Израел и Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Нивото на опасност за Турција е подигнато на 4 и затоа ги повикаа сите Израелци да ја напуштат Турција што е можно поскоро, пишува Тајмс оф Израел.

За Мароко нивото на опасност е зголемено на 2, израелските туристи се повикуваат да бидат дополнително внимателни. Полицаец уби двајца израелски туристи и нивниот водич пред десет дена. Тоа беше прв таков напад врз Израелците во Египет во последните децении.

Во светот се зголемува бројот на антисемитски напади по избивањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Конфликтот, кој прерасна во војна, започна со напад на милитантите на Хамас. За време на нападот, оваа терористичка организација убивала и киднапирала цивили и ги однела во Газа, а подоцна се заканила дека ќе ги егзекутира заложниците. Израелците возвратија со контранапад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ