петок, 18 октомври 2024

Изложба на Јовановска и Бартник во Чешка

Пред два дена во галаријата В Захрадје во градот Колин, Чешка, беше отворена изложбата „Дијалог“ на македонската уметница Петра Јовановска и на полскиот уметник Кшиштоф Бартник. Оваа нивна уметничка соработка не е прва. Овој уметнички дует веќе се претстави во Хрватска, а како што најавуваат следат нови заеднички уметнички проекти.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Психолошки гледано, кругот ни овозможува да се втиснеме себеси, односно нашето ‘јас’ во една универзална, безгранична шема на универзумот и на тој начин да се поставиме на рамноправна основа со сите живи суштества, дури и со сè што не опкружува. Токму тоа го правам и јас, втиснувајќи се ‘себе’ – моите мисли, емоции во сликата – во кругот. Тоа го правам користејќи различни медиуми и техники како што се графичките техники линорез и релјеф печатење, колаж, фотографија, цртање, сликање. Ја истражувам бесконечноста на варијанти на играта со кругот“, вели Јовановска.

За Бартник битно е сликата да ја надмине својата функција како портрет на реалноста.

„Така што постигнатата уметничка форма е целосно доволен поттик не само да се разбудат сеќавањата на гледачот за слични места и ситуации, кои ми станаа инспирација за сликање слики, туку и за стимулирање на читањето на значењата“, вели Бартник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ