Од вкупно 717 гласа, 207 го поддржаа Шолац, 394 беа против, а 116 пратеници беа воздржани. На Шолц му беа потребни 367 гласа за доверба за да го „добие“ гласањето, пишува Гардијан.
„Дојдовме до крајот на дневниот ред, но и крај на семафор-коалицијата“, рече претседателот на Бундестагот Барбел Бас, користејќи го прекарот на сега веќе непостоечката тричлена коалиција составена од Социјалдемократската партија на Германија (СПД) на Шолц, Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените.
Шолц со насмевка го прифати исходот и му подаде рака на својот заменик-канцелар Роберт Хабек. Сега канцеларот ќе се упати во палатата Белви во Берлин за да побара од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер да го распушти парламентот и да распише избори.
По тричасовна расправа во Бундестагот пратениците гласаа за доверба на Шолц. Канцеларот планираше да го изгуби ова гласање за да дозволи распишување нови избори на 23 февруари.
Во почетокот на ноември, Солц го разреши либералот (ФДП) Кристијан Линднер од функцијата министер за финансии. ФДП потоа ја напушти коалицијата и го отвори патот за предвремени избори.