понеделник, 4 ноември 2024

Избегнат судир на руски авион и американски дрон

Објавено на

часот

Сподели

„На 30 јули во 6:53 часот, на надморска височина од 5.000 метри во областа Рака, повторно е забележано опасно приближување на беспилотно летало МК-9 на (американската) коалиција до авионот Су-34 на руските воздушни сили на оддалеченост од неполни 100 метри“, рече Гуринов.

Заменик-шефот на рускиот центар истакна дека американската коалиција не престанува да испраќа дронови во жешката зона.

„Благодарение на високиот професионализам на руските пилоти и навремените мерки што ги презедоа, немаше судир со коалицискиот дрон“, нагласи Гуринов.

Според неговите зборови, во изминатите 24 часа, коалицијата 12 пати го прекршила протоколот за избегнување конфликти, поврзани со летови на беспилотни летала што не се координирани со руската страна.

„Во областа Танф, низ која минуваат меѓународни воздушни рути, забележани се 13 прекршувања на сирискиот воздушен простор од четири пара ловци Ф-16, два пара ловци Ф-35 и едно повеќенаменско коалициско беспилотно летало МК-1Ц“, додаде Гуринов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ