Ивановски загуби во второто коло во сингл конкуренција од босанскиот тенисер Алдин Шеткиќ со 6-7 и 2-6.
Во двојки заедно со Хрватот Микрут Лука, ги совладаа домашните тенисери Марко Баничевиќ и Кајго Тумбас со 6-2 и 6-4 и се пласираа во полуфиналето.
Ивановски и Микрут се четврти носители на турнирот, а во полуфиналето ќе играат против првите носители, Адам Тејлор од Австралија и Ерик Ваншелбоим од Украина.