петок, 18 октомври 2024
АТП ранг листа

Ивановски има напредок од 50 позиции, првпат е меѓу најдобрите 400

Објавено на

часот

Сподели

19-годишниот македонски тенисер за првпат во кариерата влезе меѓу најдобрите 400 тенисери во светот.

Поените ги собра со победата на турнирот во Скопје за која доби 24 ранкинг бодови и напредуваше за дури 50 места.

Втор македонски играч на ранг листата е Обрад Марковски, кој е на 1154.место со седум поени, или има пад за две места.

Горазд Србљак е три позиции пониско од Марковски (1157), а има скок од 51 место и седум поени или еден повеќе во однос на претходната недела.

Берк Бугариќ се наоѓа на 1720.место со еден поен или пад од 14 позиции.

На врвот на АТП листата останува Новак Ѓоковиќ, меѓу најдобрите десет се Карлос Алкараз, Данил Медведев, Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рубљов, Тејлор Фриц, Јаник Синер, Фрасис Тиафо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ