Организацијата се наоѓала во околината на Торино, а членовите се осомничени за трговија на „значително количество“ кокаин, хашиш и марихуана, се наведува во полициското соопштение.
Во текот на истрагата, која траела меѓу 2021 и 2022, полицијата запленила повеќе од 204 килограми дрога.
Малата дрон-подморница, која бандата ја дизајнирала и тестирала, сè уште не е оперативна, пренесува Ројтерс.
Полицијата не објаснила зошто на јавноста дури сега ѝ е откриена истрагата, но кажале дека се случиле неколку апсења.
Полицијата ја открила групата, која наводно ја воделе двајца браќа кои се албански државјани, по истрагата за оператори на сервиси за миење коли, кои се бавеле со одгледување марихуана.
Шверцерите работеле и во Еквадор, Белгија, Франција и Шпанија.